Маските за лице, треба да бидат дел од негата на лицето на секоја современа жена советуваат нашите експерти за нега и убавина од Beauty S Studio.

Професионалците препорачуваат користење на маски за лице, еднаш до два пати неделно и ни откриваат што треба да знаеме за нив.

1. Потребно е да се прави разлика помеѓу хидратантен крем и маска за хидратација. Маските се наменети за интензивна хидратација на кожата, ја отстрануваат нечистотијата натачожена во текот на денот, а содржат и состојки против стареење.

2. Доколку сте користеле хидратантна маска, не мора да втриете и крем. Втријте во кожата неколку капки серум или масло за лице за да го поттикнете дејството на маската. Но ако сте употребиле маска на база на глина, задолжително нанесете дневен или ноќен крем.

3. Маската не се нанесува наутро, посебно ако планирате да излезете од дома, затоа што на тој начин, нечистотијата ќе ви се залепи директно на чистото лице. Најдобро е да ја нанесете непосредно пред спиење.

4. Во поглед на количината на маската, доволно е да нанесете тенок слој. Оставете ја да дејствува онолку време колку што е потребно и наведено на пакувањето, бидејќи произведувачот ги направил потребните тестови за да утврди како се постигнуваат најдобри резултати.

Beauty S Salon на своите клиенти им нуди широка палета на козметички третмани и исклучително квалитетни козметички производи од линијата на Babor.

Редовната нега, хидрирањето е потхранувањето на кожата на вашето лице играат клучна улога во одржувањето на свежиот и младешки изглед.

Beauty S Salon се лоцирани во луксузниот комплекс на Adora Flatiron на 2ри кат, во населбата Кисела Вода во Скопје, а за да го закажете закажете вашиот третман можете да ги контактирате на 071 444 184.

 

 

Save

Следете нè