Релаксационата масажа со чоколадо е особено важна за човекот бидејќи влијае на психата и на сетилото за мирис како ароматерапија.
Третманот ги намалува напнатоста и стресот, а самиот мирис на чоколадо овозможува пријатно чувство на релаксација, опушта и го подобрува расположението.

Чоколадната масажа е позната по многубројните бенефити кои имаат извонредно благопријатно дејство врз здравјето и расположението:
• Ја зацврстува кожата
• Ја подобрува циркулацијата (поради присуството на кофеин во чоколадото)
• Ја ревитализира кожата (поради присуството на антиоксиданти)
• Се зголемува присутвото на колаген и еластин во кожата (пради присуството на антиоксиданти)
• Ја хидратира кожата (поради присуството на природни масла)
• Го спречува заморот
• Го подобрува расположението (мирисот на чоколадо докажано го подобрува расположението и предизвикува еуфорија)
• Ја спречува појавата на целулит (чоколадото содржи теобромин кој помага при согорување на масти и редукција на целулит)
• Го намалува стресот и напнатоста како и болките во мускулите

Масажата со топло чоколадо претставува посебно wellness искуство и во нашиот салон за убавина ова 50 минутно чоколадно искуство, Ви го овозможува балзамот на Esensa Mediterana.

По завршување на масажата следува благ туш, потоа кожата се премачкува со млеко за тело.

 

Save

Следете нè