Тимот од професионалци од салонот за убавина Beauty S со нас сподели неколку корисни совети во врска со депилацијата.

Без разлика на периодот од годината, секоја жена треба да води грижа за својата нега и убавина и да ја практикува депилацијата која претставува на еден начин и пилинг за вашата кожа.

*Кога е најдобро време да закажете депилација?
Најдобар дел од денот за депилација е средината на утрото или раното попладне, а од деновите бирајте сабота, недела или понеделник.

*Има ли начини како помалку да чувствувате болка?
Не дозволувајте влакненцата многу да пораснат пред да отидете на депилација. Колку повеќе чекате, толку влакната ќе бидат подолги и погусти, па толку повеќе ќе ве боли депилацијата. Не е добро да се депилирате за време на менструалниот циклус, бидејќи тогаш кожата е почувствителна.

*Каква облека се препорачува да носите?
Депилацијата ги отвора порите и ја прави кожата уште почувствителна. Носењето премногу тесни фармерки веднаш по депилирањето може да предизвика иритација.

 

Save

Следете нè