Отекување на екстремитетите е скоро секогаш симптом на напредна хронична болест.

Овие проблеми, исто така, можат да укажат и на хронични заболувања на црниот дроб, бубрезите или хипотиреоидизам.

Отоците на рацете, нозете или други органи се обично симптом на хронична, напредната болест. До оток доаѓа кога притисокот во крвните садови и капилари е толкав така што течноста започнува да тече од крвните садови во периферните ткива, или поради неможноста да се одржат течностите во крвните садови.

Отокот е секогаш симптом, зад кој најчесто „стојат“ кардиоваскуларни болести, хронични заболувања на црниот дроб, бубрезите, или дисфункција на тироидната жлезда (хипотироидизам). Отокот може да биде дифузен, кога тоа се случува на целото тело, но исто така, локализиран и на рацете, нозете, па дури и во некои внатрешни органи – црниот дроб или белите дробови.

Најчестите причини за отечени нозе се срцеви, вклучувајќи срцева слабост. Отоците се всушност еден од клинички знаци на оваа болест, и се јавува најчесто кога болеста е во напредна фаза.

Отоците кај пациенти болни од срце може да биде знак на коронарна болест, кај пациенти кои преживеале еден или повеќе инфаркти, и им е ослабена пумпната функција на левата срцева комора. Зад отокот може да се крие и кардиомиопатија, за што не се знае точната причина. Важно е дека и во двата случаи постои соодветна терапија.

Кога веќе постои пациент со отоци,  прво мора да се реши вишокот на течности, а потоа да се утврди причината на отокот. Денес на располагање има моќни диуретици, лекови за отстранување на вишокот на течност. Но, со ова само се ослободува на пациентот од симптомите, се растеретува срцето и се ослободуваат вишокот на течности. Целта е да се излечи причинителот на отокот и оваа состојба веќе да не се појавува. Во зависност од она што првично довело до оток, во терапијата, во прилог на диуретици, се користат и разни други лекови.

 

 

Save

Следете нè