На секого од нас барем еднаш му се случило, од каква и да е причина, да се разбуди среде ноќ и потоа да не може да заспие.

 

Еве неколку корисни совети од бугарскиот онлајн магазин „Обекти“, за тоа – како да го надминеме овој проблем.

1. Ако сте се разбудиле со идеја која претстојниот ден треба да ја претворите во реалност, запишете ја на лист хартија. Тоа ќе ви помогне полесно и побргу да продолжите да спиете.

2. Ако лежите повеќе од 15 минути, и не можете повторно да заспиете, станете од креветот и почнете да правите нешто што го сметате за смирувачко, нешто што ве опушта. Настрана од телевизорот и компјутерските игри. Зафатете се со нешто попријатно – и за психата и за моториката. На пример – сложувалка.

3. Напијте се топол чај од камилица, кој ќе ве смири и опушти.

Ви посакуваме пријатен и мирен сон!

 

Save

Следете нè