Ветерот, честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Недостатокот на влага во кожата може да се манифестира на повеќе начини, од обична рапавост, перутање, мали пукнатини на кожата, па до воспалителни промени, затегнатост на кожата и јадеж. Симптомите се разликуваат зависно од тежината на состојбата и засегнатото место. Eucerin предлага 2 групи на производи за нега на сува кожа:

EUCERIN®AtopiControl производите се наменети за деца со атопичен дерматитис и возрасни кај кои состојбата се нарекува невродерматитис. Оваа многу чувствителна и проблематична кожа во одредени делови на телото станува сува, рапава, со пукнатини, воспаление и јадеж. Причината за ваквите промени е во основа недостаток на гама-линоленската киселина, што води до послаба бариерна функција на кожата. Таа лесно губи влага и станува сува, а во обратен правец полесно пропушта алергени и микроорганизми кои ја влошуваат состојбата.

Со секојдневната нега со EUCERIN®AtopiControl производите, ние всушност на кожата ѝ го додаваме тоа што ѝ недостасува сѐ додека да се стабилизира. Измивањето е со AtopiControl масло за туширање, негата на кожата по туширање со лосионот и кремот од истата линија, а егземите ги третираме со AtopiControl интензивниот смирувачки крем. Производите се клинички тестирани и безбеднии за бебиња, кај кои и најчесто се јавува атопичен дерматитис.

AtopiControl производите се одлично прифатени од лекарите и пациентите заради многу поволниот ефект на кожата, компатибилноста со лековите и можноста да се користат неограничено време. До колку не сте сигурни што ви е потребно, консултирајте се со дерматовенеролог или фармацевт кој ќе ви помогне да го изберете најсоодветниот производ за нега на вашата кожа.

 

Save

Следете нè