Според статистичките податоци бројот за заболени лица од рак на дојка забрзано расте како во светски размери, така и во Македонија.

Затоа е особено важно е редовно да правите прегледи, но и да ги препознаете ризик факторите и да ги преземете сите можни мерки за да се заштитите. Превенцијата е многу важна, а ова се факторите кои дополнително можат да го зголемат ризикот од оваа болест:

1. Дебелина

Дебелината кај жените го зголемува ризикот од добивање рак на дојка од 30% до 60%. Ова истражување го спроведе Светската здравствена организација. Масните клетки го поттикнуваат развојот на женскиот хормон естроген. Зголеменото производство на естроген, од друга страна, го поттикнува развојот на туморот.

2. Семејна анамнеза

Ако некој вашето непосредно семејство (мајка, сестра, баба) заболел од рак на дојка, дури и ако не сте носител на истите гени, шансите да го добиете ова заболување се удвојуваат. Во таков случај, најдобро е да го прашате вашиот лекар кои чекори да ги преземете за превенција.

 

3. Генетика

Жените кои во гените носат одредена мутација имаат далеку поголем ризик да заболат од рак на дојка. 

4. Физичка неактивност

Физичката активност значително влијае врз нашето тело. Дејствува противвоспалително, го зголемува имунитетот и го снижува нивото на инсулин во телото. Резултатите од 30 научни истражувања покажаа дека ризик од заболување кај жените кои вежбаат барем три часа неделно е намален за 30-40%.

5. Лоши навики за исхрана

Црвеното месо и шеќерот го поттикнуваат развојот на туморот. Од друга страна, овошјето има сосема спротивен ефект. Зелка, карфиол, броколи, кељ, дејствуваат противвоспалително и го балансираат нивото на естроген во организмот.

 

Save

Следете нè