Во срцето на Скопје беше претставен новиот македонски бренд за природна козметика за кожа CRUSH.

Во пријатна атмосфера и со одбрано друштво, на мала приватна коктел забава, во просторија исполнета со позитивна енергија и насмевки – CRUSH го направи својот прв чекор.

Од денес имаме прилика да го запознаеме првиот производ на CRUSH – coffee body scrub , со кој овој бренд реши да ја започне својата приказна, но како што дознавме ова е само еден скромен почеток.

CRUSH – природна козметика за лице и тело – од идеа до реализација?
Се започнува од бабините рецепти за нега на здравјето и кожата, бидејќи нашите баби го немале овој избор на производи кои денешните генерации го имаат, тие чистеле шминка со пресно млеко, за восок користеле стопен шеќер, за нежно и чисто лице користеле чај од билки.

Од таму произлегува идеата да се вратиме малку во минатото, притоа прилагодувајќи се на сегашноста- да создадеме производ кој ќе биде 100 % ПРИРОДЕН, без вештачки супстанци и кој ќе помогне да ја негуваме нашата кожа на начин на кој таа заслужува да биде третирана.

Како прв производ на CRUSH кој е почетокот на оваа приказна- прв чекор кон реализацијата на идеата за брендот е скработ од кафе - YOUR SECRET CRUSH! Тој е еден фантастичен микс од кафе и различни природни масла, а секоја состојка си има посебна улога.

Производот може да се користи за секој тип на кожа, како за тело така и за лице, а истиот помага при проблеми со акни, митесери, лузни, целулит, поткожни влакна, сува кожа. Уште по првото користење може да се забележи новиот сјај на кожата, нејзината мекост, кои се добиваат благодарение на природните масла, додека пак кафето во посебна гранулација е во улога на отстранувач на мртвите клетки од површината на кожата како и главна состојка која помага при редуцирање на целулит. Без вештачки парфеми, самите состојки даваат еден интензивен микс од мириси кој потсетува на утринско кафе.

Зашто баш името CRUSH?
CRUSH произлегува од ставот дека на жената не и е потребна машка фигура во животот за да таа се чуствува убаво, посакувано, таа е сама на себе доволна... А негувајќи се себеси, веднаш можете да забележите насмевка во огледалото, вашата самодоверба расте, а позитивната енергија привлекува.

CRUSH е приказна за симпатијата која праќа слатки пораки и цел ден мами насмевки на вашето лице, приказна за мистериозната личност која ве прави да се чуствувате сакано и  привлечно, приказна за вниманието кое го заслужувате – а на крајот од денот CRUSH е тука да ве потсети дека најдоброто внимание е она кое си го посветуваме самите себеси!

Што да очекуваме во иднина?
Првиот, оригиналниот производ под името CRUSH е скработ од причина што тој беше мотивацијата да започнеме да го праваме тоа што го сакаме, но во план се уште многу други производи. Убавината на малиот бизнис како овој е во тоа што сме лесно прилагодливи кон потребите на потрошувачите. Формулациите постојано ке се менуваат, ќе се подобруваат, за нас квалитетот е на прво место.

Каде може да го купиме YOUR SECRET CRUSH - coffee face and body scrub?
Во тек е изработката на онлајн продавницата – а до тогаш истиот може да се нарача на нашата Facebook страница во порака Facebook.com/crush.shoponline, на нашиот инстаграм @yoursecret.crush или на 075 233 882.

Вие не контактирате а доставата до вашиот дом е бесплатна!

 

Save

Следете нè