Знаете ли кој е вистинскиот момент за да кажете некому дека го сакате?!

Иако повеќето ја чувствуваат оваа силна емоција, многумина се срамат од тоа да бидат првите што ќе го кажат тоа.

Луѓето од веб-сајтот и сервисот за запознавање Match направиле истражување на 2000 мажи и жени во Велика Британија. Главната цел им била да ги откријат љубовните навики на паровите, а особено сакале да го истражат времето за преземање на клучни чекори во врската.

Повеќето испитаници признале дека чекаат пет месеци пред да кажат „Те сакам“ за првпат. Тоа е приближно истиот временски период по кој се подготвени да му кажат на светот дека се во среќна врска и да ја запознаат другата страна со своите пријатели и роднини.

Иако повеќето луѓе чекаат подолг временски период за да ги искажат своите чувства, истото истражување покажало дека 1/3 од испитаниците се впуштаат во сексуален однос по две недели од запознавањето, а во 34% од случаевите, првото држење за рака се случува по првиот секс.

Истражувањето открило и дека повеќето парови прават веридба по две години од врската, се венчаваат по три години, а стануваат родители по 4 години.

 

Save

Следете нè