„Оринџ Кидс Клуб“ објавува кастинг за мали манекени, од 3 до 12 години. Се покануваат да се пријават сите дечиња кои имаат желба да бидат дел од модни ревии и да се забавуваат. 

Пријавувањето може да го направите телефонски во клубот на: 078 939 917 или по порака на фан страната на Orange Kids Club, оставајќи ги вашите лични податоци и контакт телефон.

Сите дечиња кои ќе бидат избрани, ќе се подготвуваат на пробите во текот на следните два месеци и ќе бидат дел од завршната модна ревија.

Проектот е предводен од одличен тим од вистински професионалци и ентузијасти со детски дух. Едукатори кои се убедени дека со правилен и креативен пристап и трудољубивост, талентот на вашето дете ке прерасне во совршено ремек дело.
Токму затоа, доколку и вие верувате дека вашето дете поседува талент или само сакате продуктивно да се забавува и инспирира тогаш побрзајте и бидете и вие дел од портокаловата приказна.

Во текот на пробите децата се надградуваат, учат и се забавуваат. Покрај едукаторите кои даваат се од себе за да му создадат љубов на вашето дете кон сопствениот талент, на дел од пробите  присуствуваат и голем број познати македонски пејачи, танчери, актери, манекени и воопшто јавни личности.

На крајот од учебната година, дечињата ќе ја имаат својата завршна приредба презентирајќи го  својот талент и се она што научиле на модното дефиле, пред публиката за да ја добијат најдрагоцената награда, а тоа е вашиот аплауз. Проектот ќе го добие своето целосно заокружување по  стартот на новата учебна година за кога е предвидено детското шоу.

Во рамките на овој проект, од минатата година, функционира и првиот детски клуб „Оринџ Кидс Клуб“, каде членуваат талентирани дечиња на возраст од 3 до 12 години, со афинитети кон модерен танц, пеење, глума и манекенство. 

Целта на овој клуб е развојот на детската култура и развивање на нивните таленти, како и подигнување на свеста за важноста на децата во културно општествениот живот, преку нивно активно учество на настани од јавен карактер во текот на годината.

Досега членовите на клубот биле дел од многубројни јавни настапи и модни ревии, како и гости во детски емисии, а беа дел и од централната Новогодишна прослава и со својот одличен настап го пречекаа Дедо Мраз пред преполниот плоштад Македонија.

Членовите на клубот редовно и активно учествуваат во хуманитарни акции, каде несебично допринесуваат со своите настапи, креативни изработки и донации.

 

Save

Следете нè