Време е да се ослободите од тешките палта и зимски чевли и да ги замените со лесни патичиња, тенки маички и фустанчиња, како и неизбежните пролетни аксесоари.

На самиот праг на пролетта погрижете се вашите најмили да уживаат во стајлинг кој ќе го одбележи доаѓањето на топлите денови и ќе ги освежи и старите модни комбинации.

На барање на Вас, нашите верни читатели и на наше големо задоволство повторно организираме избор за вашите најмили. Овој пат акцентот го ставаме на пролетниот изглед, кој треба да биде свеж, разигран и со весели бои.

За  учество во изборот на дете со најдобар стил за месец март, ве охрабруваме да ни испратите фотографија во порака на нашата Фејсбук фан страна Styleonboard.mk. Потребно е да испратите само една фотографија од вашето дете во омилената пролетна модна комбинација.

Фотографијата, заедно со името на детето и возраста ќе бидат објавени во албум на нашата Фејсбук фан страна.

Детенцето чија фотографија ќе собере најмногу лајкови, заклучно до 31.03.2016 до 18:00 часот, е победникот на овој избор за дете со најдобар стил за месец март 2016 година.

Го задржуваме правото да не ги објавиме фотографиите кои нема да ги исполнуваат критериумите.

На детето со најдобар стил ќе му подариме професионална фотосесија, а и ќе ве запознаеме со него во нашата рубрика „kids club“. Победникот на изборот ќе добие и бесплатна месечна членарина во првиот детски клуб - Orange Kids Club, како и подарок од нашите пријатели LC Waikiki.

Затоа ве охрабруваме да ни ги испраќате фотографии од вашите најмили, да споделувате и да собирате лајкови. 

Правила:

- Откако ќе ја испратите сликата за учество во изборот немате право да ја промените ниту пак да додадете уште една од истиот кандидат.
- Доколку сакате да пријавите повеќе од едно дете, имате право на повторно учество во изборот.
- Дозволена е заедничка фотографија од близначиња.
- Максималната возраст за учество во изборот е 10 години (заклучно со 10 години)

Задолжително:

- Секој учесник мора да има кликнато лајк на: нашата официјална фан страна Styleonboard.mk, на официјалната фан страна на Orange Kids Club  и  на  официјалната фан страна LC Waikiki.
- Секој гласач мора да има кликнато лајк на нашата официјална фан страна Styleonboard.mk, на официјалната фан страна на Orange Kids Club  и  на официјалната фан страна LC Waikiki.

 

Save

Следете нè