По повод почетокот на новата училишна година, од Зоолошката градина во Скопје инфомираат дека Зоолошката подготвила многу изненадувања за најмалите посетители кои денеска од 12 до 14 ќе ја посетат.

 

„Orange kids club подготвува забава Back to school, каде што ќе ги анимира најмладите посетители со бесплатен час по танц, караоке, кловн и принцези, ваучери со попусти и уште многу интересни содржини“, информираат оттаму преку соопштение.

 

В недела, пак, со почеток во 12 часот, велат од Зоолошката градина, ќе се одигра детската претстава „Принцот жаба“ во изведба на театарот „Крик“, а влезот за театарската претстава е бесплатен и ќе може да ја гледаат сите посетители во Зоолошката, додаваат во соопштението.

 

Save

Следете нè