Mакс е принцот кој победи на нашиот избор за дете со најдобар стил.

 

Ова слатко детенце кое ни допатува од Лондон сега има 2 години и 7 месеци.

Темпераментен, весел и полн со енергија позираше пред нашиот објектив како вистински модел.

Љубопитно го истражи секое катче од Оrange Кids club & Caffè и неуморно уживаше во детската игра. 

Тој зборува Англиски, Македонски и Бугарски, а ни кажа и дека омилени цртани му се Прасето Пепа и Маша и Мечето.

Во разговор со нековата мајка Маја, дознавме дека Макс многу сака да си игра со другарчињата и со поголемата сестра Ребека.

Особено се радува кога плива и ги вози скутерите и џипот, а негова пасија се цвеќињата од дворот на баба Лена во Скопје.

Макс е исклучително музикален и сака да слуша музика и да танцува, во што се уверивме и ние.

 

 

Save

Следете нè