На барање на Вас, нашите верни читатели и на наше големо задоволство, заедно со првиот снег оваа година организираме избор за вашите најмили.

Овој пат бираме двајца победници, принц и прицеза, кои со својот уникатен стајлинг ќе ги освојат вашите симпатии.

Ќе наградиме и уште двајца учесници кои ќе бидат второ и трето место.

Овој пат акцентот го ставаме на зимскиот  изглед, кој диктира потопли модни комбинации, интересни дезени и уникатни модни додатоци. 

За  учество во изборот на дете со најдобар стил за месец февруари 2018, ве охрабруваме да ни испратите фотографија во порака на нашата Фејсбук фан страна Styleonboard.mk. Потребно е да испратите само една фотографија само од вашето дете во омилената зимска модна комбинација.

Фотографијата, заедно со името на детето и возраста ќе бидат објавени во албум на нашата Фејсбук фан страна.

Гласањето трае до 28.02.2018 заклучно до 19:00 часот.

Момчето и девојчето чии фотографии ќе соберат најмногу лајкови, ќе бидат нашите принц и принцеза на овој избор за дете со најдобар стил, за месец февруари 2018 година.

Го задржуваме правото да не ги објавиме фотографиите кои нема да ги исполнуваат критериумите.

Принцот и принцезата ќе учествуваат во професионална фотосесија, а и ќе ве запознаеме со нив во нашата рубрика „kids club“.

Второпласираниот на овој избор ќе добие ваучер во вредност од 1000 денари за прослава и закуп на простор во Orange Kids Club & Caffè.

Третопласираниот на овој избор ќе добие ваучер во вредност од 500 денари за прослава и закуп на простор во Orange Kids Club & Caffè.

Овој избор е од забавен карактер и е со цел да ве мотивираме да поминете повеќе време со вашите најмили, додека креирате уникатни стајлинзи и интересни фотки.

Испратете фотографија од вашите најмили, споделувајте и собирате лајкови. 

 

Правила:

- Откако ќе ја испратите сликата за учество во изборот немате право да ја промените ниту пак да додадете уште една од истиот кандидат.
- Доколку сакате да пријавите повеќе од едно дете, имате право на повторно учество во изборот.
- Дозволена е заедничка фотографија од близначиња.
- Максималната возраст за учество во изборот е 10 години (заклучно со 10 години)

Задолжително:

- Секој учесник треба да има кликнато лајк на: нашата официјална фан страна Styleonboard.mk и на официјалната фан страна на Orange Kids Club & Caffè.

- Секој гласач треба да има кликнато лајк на нашата официјална фан страна Styleonboard.mk и на официјалната фан страна на Orange Kids Club & Caffè.

-  Секој учесник треба да направи „Share“, односно да ја сподели јавно на својот фејсбук профил оваа статија.

 

Save

Следете нè