Меки и лежерни кадици се идеални за сончевите пролетни денови. Оваа модерна, но едноставна фризура лесно можете да ја направите сами во неколку чекори.

1. Со фигаро со средна големина навиткајте ја косата покрај лицето, а потоа и останатите прамени, од коренот кон врвовите, повторувајќи ја постапката и на другата страна од главата.

2. Расчешлајте ја косата за малку да ги отпуштите кадриците.

3. Навиткајте го и предниот прамен од косата и повлечете го наназад, повторувајќи ја постапката уште еднаш од двете страни или на истиот прамен можете да направите и мала плетенка доколку сакате. Потоа заедно прицврстете  ги со ластиче за коса и вашата фризура е готова.

 

Save

Следете нè