Актерката Кејт Бланшет мамеше погледи на филмски настан во Шангај.

49-годишната ѕвезда како вистинска икона на стилот, ја истакна својата вита става во струкирано црно палто, налик на смокинг со драматично впечатливи светкави апликации.

Одличните сатенски пантолони, во комбинација со црните високи потпетици само го потврдија со печат целосниот стилски исказ.

Софистицирана и блескава Кејт самоуверено позираше пред фотографите, неуморно потсетувајки не дека за неа години се само бројка.

Нејзиниот кристален тен и беспрекорно негувана кожа беа суптилно надополнети со безвременски црвен кармин.

 

 

 

 

 

 

Save

Следете нè