Лејди Гага се враќа на голема врата во јавниот живот. По подолгата медиумска пауза, талентираната пејачка беше забележана во магичниот Париз, во впечатлива креација во портокалова боја.

 

32-годишната музичка ѕведа ја истакна својата совршена фигура, во припиен фустан на брендот House of C кој го обожуваат славните како Бијонсе, кланот Кардашијан, Мараја Кери и многу други.

Својот изглед Гага го надополни со голема црна чанта и класични салонки со висока потпетица, како и исклучително елеганта фризизура која му додаде доза на гламур на целосниот впечаток.

Придружувана од својата мајка, таа задоволно позираше пред фотографите, кои неуморно го следеа секој нејзин чекор.

 

Save

Следете нè