Супермоделот Криси Тиген и музичарот Џон Леџенд се појавија на црвениот тепих на Fashion Los Angeles Awards.

 

Настанот беше во организација на познатиот медиум Daily Front Row, а парот позираше во елегантна комбинација.

32-годишната убавица го истакна трудничкото стомаче бела тесна креација, со длабоко деколте и висок шлиц, додека 39-годишниот пејач носеше модерна црна комбинација со впечатлив крој.

На славната двојка, друштво во првиот ред им правеше ќерката на Мајкл Џексон, младата Парис и дизајнерот Џереми Скот.

Парот наскоро го очекува своето второ дете, откако пред една година ја добија малата Луна.

 

Save

Следете нè