Музичката дива Бијонсе, која ужива во својата бременост присуствуваше на галата „Wearable Art“, која се одржа во Лос Анџелес.

Таа на црвениот килим се појави во секси креација во црвена боја, со длабоко деколте на брендот Stello.

35-годишната ѕвезда освен тесниот фустан кој го истакна нејзиното трудничко стомаче, носеше и впечатлив цветен венец на главата со кој изгледаше како божица.

На хуманитарниот настан кој го организираше мајката на Бијонсе, беа собрани речиси еден милион долари кои ќе бидат донирани за театарскиот центар WACO.

 

Save

Следете нè