Како старее Џенифер Лопез изгледа се подобро, a тоа го докажа и со нејзиното последно појавување на црвениот килим.

 

Музичката дива, во рамките на својот продуцентски ангажман за шоуто „World of Dance“, присуствуваше на настан во Беверли Хилс, каде носеше секси креација на дизајнерот Ели Сааб.

47-годишната ѕвезда го истакна своето совршено тело во црна тоалета од високата мода, која имаше впечатливо деколте и висок шлиц.

Целосниот изглед го заокружи со црни високи потпетици од Кристијан Лобутин и блескаво златен накит.

 

Save

Следете нè