Aктерката Шерон Стоун го украде вниманието на присутните, на добротворната гала, организирана во чест на боксерската легенда Мухамед Али.

59-годишната ѕвезда, на црвениот килим во хотелот Marriott Desert Ridge Resort & Spa се појави, во гламурозно издание и покажа дека годините се само бројка.

Со ултра длабоко деколте, во црна елегантна креација која ја истакна нејзината витка фигура во форма на песочен часовник, Шерон самоуверено позираше пред армијата фотографи.

Впечатливиот изглед го надополни со големи парчиња златен накит, минијатурна чантичка и минималистички златни сандали на врзување.

 

Save

Следете нè