Таа ја разголи својата душа во мјузиклот „La La Land“, а сега покажа и малку повеќе кожа во креација инспирирана од секси долна облека.

Актерката Ема Стоун се појави на црвениот килим во Лос Анџелес, на доделувањето на Screen Actors Guild Awards во тоалета од колекцијата за 2017 на Alexander McQueen.

Видно расположена, 28-годишната ѕвезда самоуверено позираше во макси фустанот со цветен принт, кој на едната страна асиметрично скроен преминуваше во романтична чипка. 

Талентираната Ема, за својата улога во нејзиното последно филмско остварување се закити со статуетка, која судејки по нејзината реакција не ја очекувала.

 

Save

Следете нè