Прекрасната Каролина Гочева повторно е ѕвезда на одлична фотосесија за италијанскиот бренд Weekend Max Mara за групацијата Магнетик.

Таа сега позира во две различни комбинации на капути кои се совршен избор и за вечерни и дневни излегувања.

Капутите на Weekend Max Mara се високо квалитетни, удобни, топли, модерни и препознатлив знак за брендот.

 Анимал принтот е повторно тренд оваа сезона и го гледаме на капут во комбинација со каубојки и кожени панталони.

Втората комбинација е малку полежерна, но еднакво елегантна. Повторно се тренди капути комбинирани со карирани панталони и впечатливи патики.

 Со нетрпение го очекуваме и видеото за брендот Weekend Max Mara кое следува.

Weekend Max Mara е бренд од Max Mara кој се одликува со елеганција, безвремност, класика и удобност.

 

Фотографии// Јована Зука

Шминка и Фризура// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик

 

Save

Следете нè