Македонскиот бренд Линеа, уште од далечната 95-та година ги освојува светските пазари.

Достапен во над 10 европски земји како што се Русија, Хрватска, Србија, Австрија, Босна, Италија... Линеа се поуспешно застанува рамо до рамо со големите светски брендови.

Минатата недела, беше организиран коктел настан во еден од продажните салони на Линеа (на Рекорд) каде гостите уживаа во пријатната атмосфера и прекрасната колекција Лето 2018.

Она кое би го издвоила како уникатност кога станува збор за нашиот бренд, е тенката линија меѓу моменталниот тренд и безвременската мода, прекрасните дезени посебно изработени за брендот, врвните материјали... парчињата на Линеа едноставно не се дизајнирани да бидат сезонски. Целта ни е еден ден вашите ќерки да уживаат во истите како да се нови. - вели главниот моден дизајнер на Линеа, Славица Басаровска.

 

Беспрекорност, уникатност, квалитет - тоа е она што го опишува македонскиот моден бренд Линеа. Достапен во над 10 европски земји, се поуспешно успева да ја доближи светската модна сцена до македонската дама.

 

Парчињата облека на Линеа се аполутен Must have во гардароберот на секоја софистицирана дама. Тоа се парчиња кои зрачат, кои зборуваат доволно гласно, за вашиот карактер да биде комплетен.

Во прилог можете да погледнете дел од атмосферата на коктелот и дел од новата колекција на брендот Линеа.

 

Save

Следете нè