На 31 март во салонот „Порше Македонија“ ќе биде отворено петнаесеттото јубилено издание на Моден викенд Скопје, кое ќе трае до 2 април под мотото „Pure individuality“.

 

Сезоната пролет-лето 2017 ќе ја отвори ревијата на Јована Филиповиќ со колекцијата за пролет/лето 2017 која претставува омаж на соработката која започна пред точно пет години, помеѓу Филиповиќ и „Пелистерка“. Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен италијански накит на „Sigma Jewelry“ под слоганот „Пролет е време за убави нешта“. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе ја видиме Емира Имери со колекцијата “Heyoka” за пролет-лето 2017 година. Вечерта ќе ја заокружи колекцијата на „Alshar“ под името “Out od Africа“. Веднаш по ревиите на истата локација- „Порше Македонија“ од 22: 30 часот посетителите ќе го дочекаат 1 април на забава .

Втората вечер ќе започне со групната ревија на 15 студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“. Ќе следува ревијата на „Linea collection“ со колекцијата составена од линиите: Botanique, Fragmented Feeling, Playful Transparents, Pure and Fresh и Urban Nomads. За прв пат на Моден викенд Скопје ќе се претстави „Atelier Kocareva“ со колекцијата „ History is written by the winners“ а потоа и „Marsin“ со колекцијата „Bond lady“. За крај на втората вечер ќе ја видиме најновата колекција на Ирина Тошева која како што вели дизајнерката „има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата“.

Последната вечер на 2 април публиката ќе ги види „Walon fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“, ревијата на „Paolo Bocelli“ и нивната колекција за актуелната сезона која е фузија помеѓу урбан гламур и класичен и кежуал дизајн, Сара Реџиќ и „Elize“. За крај на петнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе ги видиме тројцата избрани финалисти од неодамнешниот натпревар „Fashion Scout SEE“: „Victor Kaiser“, „Shaleva Couture“ и „Ана Марија“. Тие најпрвин ќе заминат на белградската модна недела на 28 март, кадешто ќе се одбира најталентираниот балкански дизајнер кој потоа ќе има ревија на модната недела во Лондон во септември годинава.

 

Save

Следете нè