Откако на Британските Модни награди ја освои титулата за Меѓународен модел на годината, за учество во кампањите на многу познати светски брендови, Џиџи Хадид изненади со нова соработка со гигантот „Versace“.

Убавицата овој пат позираше целосно гола со вртоглаво високи потпетици, покриена само со голема „Versace“ чанта. Лежејки на луксузен кревет со постелнина и луксузни перници „Versace“, моделот го сними најпровокативниот едиторијал до сега, пред објективот на Andrew Bullock.

За потребите на рекламната кампања за најновата колекција на брендот, Џиџи се фотографираше и во провокативни креации од плиш и чипка кои посебно го истакнаа нејзиното совршено тело.

 

 

Save

Следете нè