Британската аукциска куќа, „Kristi“, го продаде дијамантот „The pink Legacy“ за повеќе од 50 милиони долари.

Со ова е срушен светскиот рекорд кога станува збор за цената на розевиот дијамант по карат.

Скапоцениот дијамант, на есенската аукција која ја организираше оваа аукциска куќа во вторникот во Женева, беше купен од познатиот дизајнер на накит Хари Винстон, соопшти „Kristi“.

„Kristi“ “ очекуваше 30 до 50 милиони долари за дијамантот од 19 карати, со четвороаголен облик, најголемиот луксузен розев дијамант кој некогаш е изработен. Дијамантот всушност е продаден по цена од 44,5 милиони долари, но со „премија на купувачот“ и други трошоци, неговата крајна цена е 50,375 милиони долари.

Истиот претходното му припаѓаше на семејството колекционери , а „Kristi“ вели дека е еден од хемиски најчистите примероци, без речиси никаков азот. Рахул Кадакиа, раководител на меѓународната аукциска куќа за накит, вели дека „Kristi“ за 251-години продала само четири дијаманти со тежина повеќе од 10 карати во розева боја.

 

Save

Следете нè