Дваесетгодишната Кајли Џенер благодарение на својот бренд „Кајли козметика“, чија вредност сега е 800 милиони долари, е на пат да стане најмладата милионерка која сама заработила пари, според магазионот Форбс.

 

Овој магазин за финансии ја стави амбициозната Кајли на насловната страна на својот последен број.

Магазинот Форбс истакнува дека во текот на последните три години Кајли Џенер заработила 630 милиони долари од својот бренд, од кои 330 милиони и се заработени во 2017 година. Кога ќе се вклучат и партнерствата со „Пума“ и „Паксан“, компанијата на Џенер вредии 900 милиони долари.

Имајќи предвид дека на 10 август полни 21 година, се верува дека дотогаш ќе стане милијардерка. Пред неа рекордот го држеше Марк Цукерберг, кој стана милијардер со 23 години.

Она што е спорно, не е нејзината вредност, туку прашањето дали Џенер може да ја носи титулата „сама заработила пари“, со оглед дека доаѓа од богато семејство, што технички не може да се квалификува како човек кој тргнал од нула.
Од овие причини овој потег на Форбс наиде на многу негативни реакции од јавноста.

 

 

Save

Следете нè