Само три месеци откако на свет го донесе третото дете, принцот Луис, во Кенсингтонската палата се прошири веста дека Кејт повторно е бремена.

 

„Тие би сакале да имаат две момчиња и две девојчиња. На Кејт и е важно нејзините деца да имаат слична врска со своите браќа и сестри, како што таа имаше со својата сестра, а таа знае дека тоа е поедноставно ако се во приближна возраст“, изјави неименуван извор за британските медиуми.

Според овие информации оние кои се блиски до Кејт веќе се радуваат за веста за бременоста.

И самата од секогаш зборуваше дека со Вилијам би сакале да имаат четири деца, за да го потполнат своето семејство.

„Вилијам всушност сака да има пет деца, но Кејт смета дека четири се сосема доволно“, - пренесува истиот извор.

 

Save

Следете нè