Ким Кардашијан ја објави првата фотографија од својата ќеркичка Чикаго Вест.

Малата принцеза која има само пет недели, на фотографијата со интересен филтер од Snapchat, ужива во прегратката на својата мајка.

Сепак, своето медиумско деби Чикаго го имаше во 11-минутното видео на својата тетка Кајли пред неколку недели, кога се појави на неколку секунди.

Ким и Кание Вест ја добија Чикаго благодарение на сурогат мајка во јануари, оваа година.

 

 

Save

Следете нè