Убавата водителка Јелена Спенџарска го искористи викендот за краток одмор и отпатува во живописниот Истанбул.

Како влубеничка во патувањата и авантуриста со нескротлив дух, Јелена ги посети сите позначајни знаменитости во градот кој заспива на магичниот Босфор.

Таа, секако не ги заборави своите обожаватели и редовно споделуваше прекрасни фотографии и видеа од своите доживувања.

Во лежерно издание и секогаш природна, водителката им призна на своите следбеници на Instagram, дека многу тешко им одолеала на традиционалните специјалитети и слатки задоволства и сепак останала доследна на предпразничниот пост.

 

Save

Следете нè