На точно еден месец по нивното раѓање, музичката дива Бијонсе ги претстави своите близначиња на јавноста. 

Пејачката на Instagram сподели фотографија од момчето и девојчето, кои ги добија имињата за кои се шпекулираше во јавноста.

Под слатката фотографија, гордата мајка напиша „Сер Картер и Руми, 1 месец денес“.

Исто како и за името на нивната прва  ќерка Блу Ајви, Бијонсе и Џеј Зи поднесоа барање за заштита на двете имиња на новороденчињата за производи како парфеми, бебешка опрема, козметика и детски чанти.

 

Save

Следете нè