Само неколку часа по породувањето војвотката Кејт Мидлтон заедно со принцот Вилијам го покажа новородениот син на јавноста. 

Војвотката од Кембриџ блесна во прекрасен црвен фустан од нејзината омилена дизајнерка Џени Пекам, додека гордиот татко се пошегува дека овој пат светот не требаше многу да чека, со оглед на тоа дека Мидлтон беше примена во болница во 6 наутро, а се породи во 11 часот.

Новиот принц се роди тежок 3,8 килограми, а Кејт и Вилијам не го знаеле полот се до самото раѓање.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот веќе го запознаа малиот принц и се воодушевен поради тоа што ќе имаат нов член на семејството.

 

Save

Следете нè