Добриот чичко Драги кој продава на Рекорд и се грижи за многу улични кучиња, за жал сеуште е во лоша здравствена состојба.

 

Чичко Драги, оној кој во 2013 година е прогласен за најхуман човек, наскоро повторно ќе оди во болница на испитувања, за да дознае дали е потребна уште една операција која ќе го подобри неговото здравје.

Останатото е во наши раце, кои барем еднаш во денот поминуваме од неговата тезга на Рекорд и кои сакаме да ја покажеме својата хуманост на дело.

На чичко Драги итно му се потребни: гази (аптека има веднаш подолу), храна за него и за кучињата, бидејќи доколку тие се гладни, ни тој нема да јаде. Воедно, потребни се џемпери/блузи во облик “V” (поради раната), како и јакна/капут. Доколку сте во можност, помогнете и парично.

 

Save

Следете нè