Од пред пет години се одбележува Меѓународниот ден на среќата.

Обединетите Нации на 28 јуни 2012 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.

Идејата за Денот на среќата потекна од Бутан, кој со цел пресметување и подигнување на нивото на благосостојба на нацијата, во 1972 го воведе показателот бруто национална среќа. Според тогашниот бутански крал Џигме Сингај Вангчук, стандардните макроекономски показатели не може прецизно да го одразат нивото на благосостојба во земјата. 

Бруто националната среќа се пресметува по специјален метод врз основа на показатели, како што се ефективноста на власта, социјална правда, грижа за околината, негување на културното и духовно наследство.

Некогаш е потребно малку да се чувстуваме добро. Затоа преземете некои основни чекори и секој ден ќе ви биде исполнет.

Среќата ја чинат мали работи, секојдневни ситници на кои често не обрнуваме внимание. Ако сакате да се чувстувате подобро и генерално да бидете среќна личност, за тоа не е потребно многу.

Што треба да направиме за да се чувстуваме среќни?

1.Прифатете се себе си

Истражувањата покажале дека среќните луѓе имаат скромни очекувања и апсирации. Поентата е да уживаме во благодетите кои ги имаме, а не да се жалиме постојано. Тоа е губење време, смета д-р Жозе Гарсија, од Универзитетот во Мексико.

2.Уживајте во се што работите

Работете го она во што уживате и уживајте во она што го работите. Тоа е најдобар рецепт за среќа.

3. Живејте за сегашност

Не жалите за минатото, за изборите кои сте ги направиле. Не ја идеализирајте иднината. Не се грижите однапред за работите, на нив не може да влијаете. Само се трошите во празно.

4. Изберете среќа

Замислете го својот живот како приказна која може да ја преправите, допишете, измените. Овој флексибилен пристап бара позитивно мислење, односно треба да изберете да бидете среќни. На нашата среќа многу влијаат други луѓе. Ако од нив добиеме поддршка и ако им пружаме одредено задоволство, се чувстуваме добро. Истражувањата покажале дека луѓете кои се во брак се посреќни, отколку оние кои се сами.

5.Мислите позитивно

Среќните личности во се гледаат позитивна страна.

6. Постојано работете нешто

Ако планирате да бидете среќни во животот, развијте ја својата личност да бидете отворени, силни, да сакате друштво и дружење. Луѓето кои постојано се во тек, се задоволни, ним постојано нешто им се случува.

7. Избегнувајте споредби

Амбицијата е здрава и ги прави луѓето среќни, во зависта го уништува човекот. Не се споредувајте со никого, во срцето бидете искрено среќни за туѓите успеси – вели Клаудија Сеник, профосорка на Сорбона.

8. Бидете она што сте

Задоволните лица се спонтани, природни. Не треба да мислите што другите мислат за вас.

9. Престанете да се грижите

Не се сфаќајте премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, бидејќи знаат дека 90 отсто од секојдевните грижи никогаш не се остваруваат.

 

Save

Следете нè