Еми Норис оваа година по втор пат ќе учествува на Интернационалното Биенале за накит во Пекинг, Кина  кое ќе се одржува од 16-ти до 30-ти декември 2015 година. 

Изложбата е во склоп на настаните во рамки на Пекиншката недела на дизајн, а во организација на Пекиншкиот Институт за Модна технологија. Од страна на организаторот и жири комисијата која изврши избор на учесници на настанот, селектирани се две дела од дизајнерката. Тоа се две масивни огрлици од кои едната е од колекцијата  F key (F клуч), а другата е специјално изработена за настанот.

Матерјалите од кои се изработени парчињата се комбинирани: плексиглас, огледален алкубонд, врвки за обувки, текстил, метал. Изложбата е од интернационален карактер со учество на над 300 дизајнери од околу 50 земји од целиот свет. Местото на кое ќе се одржи изложбата е Парк на иновации на Институтот за модна технологија во Пекинг.

Темата на  изложбата е Jewelry- Boundles, а накитот е костимски. Самиот настан е конципиран да прикаже како различни култури взаемно се разменуваат, интегрираат па дури и судруваат и на тој начин промовираат развој на творечка разновидност во дизајнот на накит, а воедно обезбедуваат платформа за интеракција на различни уметнички дизајнерски концепти.

Ова е второ претставување на дизајнерката на овој престижен настан. Прв пат изложуваше на истиот во 2013 година.

 

Save

Следете нè