Оваа #ХуманаНедела 02.12.2018 со почеток во 12 часот, Orange Kids Club & Caffè Ве поканува да дојдете на дружба и да ги отворите Вашите срца за оние на кои им е најпотребно.

Во пресрет на студените зимски денови одлучивме да ја организираме оваа акција во рамките на нашата традиционална #ХуманаНедела, каде ги очекуваме Вашите донации во:

- Употреблива топла облека, која „Копче“ при Црвениот крст на Р.М. внимателно ќе ја селектира и ќе се погрижи да стигне до вистинските раце.
- Храна и ќебенца за нашите бездомни крзнени пријатели за кои безрезервно се грижат хероите од Daisy Family Rescue и Граѓанска иницијатива „Кане Корзо“.

Креативниот тим Ви подготви богата едукативно забавна програма за деца и возрасни, а Вие ќе можете да одберете помеѓу: час по танц, курс по моден дизајн, караоке за деца и родители, зимска креативна работилница, едукативен час на тема „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ и уникатното Рептил Шоу со Војо Иванов.

За сите хумани дечиња и вредни рачиња подготвивме ваучери, а нашите пријатели Chupa-Chups, Ramstore маркети, Rosa Kids и Cunga Lunga подготвија многу изненадувања.
Влез за двочасовната програма за деца:100 денари.
*со секоја влезница донирате за бездомните животни.

 

Save

Следете нè