Италијанската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти на 30 септември 2019 година ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

 

Концертот во Македонија е во склоп на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ , која ќе почне во февруари од Монако, а виновни за тоа се секако „Авалон продукција“.

Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.

„Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продукција и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија“, најавува „Авалон“, кои се одговорни и за концертот на Рамацоти во софиската арена „Армеец“ на 3 октомври следната година. Деталите околу влезниците ќе бидат објавени вечерва.

Педесет и петгодишниот пејач и текстописец, еден од најпопуларните италијански музичари има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 албуми на шпански јазик. Во богатата кариера досега продал повеќе од 50 милиони примероци.

 

Save

Следете нè