Потполно уживање за душа од „Моцарт“ до „Simply the best“ со прекрасната Магдалена Алексовска и многу музички имиња во Домот на културата „Ѓорче Петров“ во општина Ѓорче Петров на 03 мај со почеток од 20 часот.

 

Средствата кои ќе бидат собрани од овој хуманитарен концерт ќе се насочат за лекување на малиот Дамјан Поповски кој има една година и осум месеци и сè уште не го слушнал гласот на својата мајка.
Дамјан беше опериран во април годинава и во мозокот му беше вграден кохлеарен имплант со чија помош тој треба да почне да ги прима звучните сигнали. Трошоците за неговото лекување и одржување на имплантот во постојана функција се многу големи и секоја поддршка и секое присуство на овој концерт е донација која ќе помогне во иднина и Дамјан да може да ужива во звуците на музиката.

Цената на билетите за овој концерт е 100ден, а со секое купување на билет веќе донирате за Дамјан. Билетите можат да се купат на влезот на концертот.


Концертот ќе го поддржат со свои настапи и Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Џина Папас Џокси, 2ВЕ, Благица Ѕунѕуровска, Милана Лукиќ…


Концертот ќе започне со звуците на класичната музика со Екатерина Лукарова – флејта, Оља Михајловиќ – флејта, Александар Војнески – виолина, Бојана Мирковска – виолина, Изабела Велковска – флејта, Марко Наумовски – флејта, Нина Крагуевска – кларинет, Виктор Богоевски – тромбон, Александра Кировска – гитара, Дамјан Илиовски – тромбон, Дани Жоговска – пијано…


Да запееме со душа за Дамјан да слуша!

 

Save

Следете нè