Организаторите на фестивалот Сигет, еден од најдолготрајните музички настани, го потврдија доаѓањето на Ријана во Будимпешта.

Вчеравечер во шоуто „Твоето лице звучи познато“ нашиот претставник, Даниел Кајмаковски се претстави со одлична имитација на Бруно Марс.

„Како да се радувам“ е заедничка песна на Елена Ристеска и Панчо од ДНК. Новата песна е дел од новиот албум на Елена насловен како „Без шминка“.

Започна третата сезона на шоуто со хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“. Минатата сезона се натпреваруваше Елена Ристеска, како претставничка од Македонија и го освои второто место.

„Само таа знае како“ е најновата песна на Панчо и Андреј, од музичкото дуо ДНК. Овој нов сингл веднаш доби и свој видео запис, со звучна мелодија, а истиот е и најава за новиот албум „Уште еден ден“, кој ќе биде промовиран во мај.

Во арената „О2“ во Лондон, вчера се одржа 36-тото по ред доделување на британските музички награди, познати како Брит Авордс.

Британската пејачка Адел триумфираше на синоќешното доделување на наградите на британската музичка индустрија за оваа година, освојувајќи четири признанија, вклучувајќи ги и оние за најдобра британска пејачка и најдобар британски албум.

Владимир Четкар ќе одржи концерт во светски прочуениот музички клуб „Би Би Кинг Блуз Клуб“ во Менхетен, Њујорк во петок, 18 март.

Ријана ја објави својата прва песна „Work“ од новиот албум „Anti“. Долгоочекуваниот видео запис за песната на која соработуваше со Дрејк, доби две еднакво провокативни верзии.

 

Гвен Стефани го објави својот  видео спот во живо од „Греми“ за песната „Make Me Like You“. Ова не е традиционална форма на видео спот туку таа го изведуваше во живо и истиот се снимаше и пренесуваше на телевизија.

 

Save

Следете нè