Сара Мејс го претстави најновото видео од минатогодишниот проект „Floating Through Space With Sarah Mace“.

 

Анимирана екранизација доби песната „Црна капина“, која пејачката ја смести меѓу своите омилени од албумот.

 „Не е комерцијална, ама чудесна е. Во постојано движење со телото на слушателот, од почеток до крај пулсира во тебе…. ова е песна започната како идеја на тапанарот (во случајот и автор,Александар Ванчовски) и мислам дека тоа тапанарско влијание се чувствува цело време дур трае песнава, а можеби дури и после тоа“, вели Сара за новиот сингл.

Видеото е модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч-техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска, а како изгледа и звучи „Црната капина“ на Сара дознајте во продолжение.

 

 

Save

Следете нè