Младата музичка надеж, со косовско потекло, Дуа Липа, гостува во новиот сингл на еден од најуспешните музички продуценти на денешницата, Келвин Харис.

Станува збор за темата насловена како „One Kiss“, која е навраќање на електро-хаус звукот што ги означи неговите најголеми хитови.

Музичките критичари веќе ја опишуваат како најдобрата песна после мегахитот „This Is What You Came For“ со Ријана од 2016 година.

После минатогодишниот албум „Funk Wav Bounces Vol. 1“, Шкотланѓанецот годинава ја започна со соработката со „Партинекстдор“ за темата „Nuh Ready Nuh Ready“, но сè уште нема информации дали двете песни се најава за неговото шесто студиско издание или се објавени како самостојни синглови. Како звучи оваа прва соработка со Дуа Липа слушнете во продолжение. 

 

 

Save

Следете нè