Како што веќе знаете, ALAN WALKER е ултимативниот хедлајнер во првиот викенд на фестивалот Скопје колинг, на 2 јуни 2018. Авалон продукција сепак се погрижи забавата да продолжи и во недела, на 3 јуни, за што успеавме да го потврдиме и шоуто FAITHLESS DJ SET со SISTER BLISS, велат од Авалон.


Во изминативе две години, кога FAITHLESS мируваа со настапите во живо, нивниот препознатлив звук низ светот низ многуте светски музички фестивали го шири SISTER BLISS токму со овој проект.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи карти за се низ цела Македонија и онлајн, по цена од 600 денари за партерот. Блок влезниците, пак, за ALAN WALKER и SISTER BLISS ќе бидат по цена од 1 300 денари.

 

Save

Следете нè