Применете неколку трикови од искусните домакинки, кои своите совети по повод празникот Велигден ги споделија со нас.

 

Вапцањето и декорирањето на јајца за Велигден, е најзабавниот дел од одбележувањето на овој голем празник.

Искуството покажува дека првенствено внимание треба да се посвети на тоа јајцата да бидат соодветно сварени за да не испукаат.

Пред се, важно е водата да не врие многу силно и јајцата да имаат доволно место за движење во тенџерето. Така нема да се удираат едно во друго и да се оштетат. Можете и полека да ја мешате водата додека не зоврие, а потоа да ги пуштите јајцата да се варат неколку минути, па да ја исклучите ринглата и да ги оставите во водата уште 30 минути.

Освен температурата на водата и јајцата, совет плус е и да додадете и лажица оцет за да се спречи пукањето на јајцата, како и малку сол.

Остатокот го препуштаме на вашата креативност.

 

Save

Следете нè