Розовата боја не е само заштитен знак на популарниоt женски бренд  „Викторија Сикрет“, туку таа влијае и на намалување на апетитот.

 

Дел од манекенките кои го презентираат овој бренд тврдат дека ја намалиле желбата за јадење благодарение токму на оваа боја. 

Попрецизно, станува збор за нијансата Бејкер-Милер на розовата боја, која, како што тврдат, влијае на промена на прехрамбените навики.

Според оние кои имале искуство со оваа боја, таа ја намалува желбата за конзумирање нездрави грицки кога ви е здодевно.

Оние кои ги обоиле свите соби во розово велат дека од тогаш навистина јадат помалку. Дали станува збор за сугестибилност или навистина бојата влијае на апетитот засега останува нејасно. 

Некои научници признаваат дека оваа боја навистина го намалува апетитот, но засега немаат објаснување зошто е тоа така.

 

Save

Следете нè