Според најновите истражувања, научниците велат дека доколку имате проблеми со спиењето, две чаши сок од вишна на ден може да ви помогнат да спиете подолго и поубаво.

Оние кои редовно го конзумираат овој киселкаст сок од вишна имаат поквалитетен и подолг сон, откриваат научните студии на Универзитетот Нортамбрија.

Студијата била спроведена кај повеќе од 20 волонтери, а тие во текот на една недела пиеле двапати на ден по 30 мл. сок од вишна, кој го зголемува нивото на мелотонин во организмот, односно хормонот кој го регулира спиењето.

Научниците од Универзитетот Нортамбрија потврдуваат дека волонтерите кои редовно пиеле сок поминале 15 минути подолго во кревет и речиси 25 минути повеќе сон, a квалитетот на спиењето кај нив е зголемен за 5-6 %. Ова откритие може да им помогне на оние кои имаат тешкотии со спиењето поради несоница, работа во смени или честите промени на временските зони поради патувања.

 

Save

Следете нè