Освен совршената линија која со леснотија ќе ја одржувате ако редовно консумирате риба, таа и многу ќе придонесе за вашата убавина и здравје.

 

Барем еден дел во неделата направете си ручек или вечера со риба и не дозволувајте разни изговори да ве спречат да ја консумирате редовно.

 

Рибата има многу предности, а ова се дел од нив:

1. Важна е за здраво срце. Мрсните риби како што се лососот и туната содржат голема количина на омега 3 масните киселини, кои го намалуваат крвниот притисок и ја ставаат во рамнотежа работата на срцето. Доволни ви се 2 порции на риба еднаш во неделата за да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

2. Рибата е добар извор на протеини. Сите кои не сакаат месо, можат да се потпрат на диета со риба и да бидат сигурни дека си обезбедиле доволно ниво на протеини, кое е важно за одржување на регуларната телесна тежина.

3. Диетата со риба ја подмладува кожата. Уморната и сува кожа ќе ја освежите со редовното консумирање на риба. Омега 3 масните киселини ја одржуваат еластичноста на ќелиите од мембраните на кожата, а особено се добри за сите оние кои имаат кожа чувствителна на сончевите зраци.

4. Рибата се бори против депресија. Бројни студии потврдиле дека редовната консумација на риба може да помогне кај благата и умерена депресија. Сите оние кои чувствуваат блага зимска депресија, доволно е да додадат риба во своето мени. 

 

Save

Следете нè