Утринските подготовки се посебно динамични за родителите што кои ги подготвуваат своите деца за градинка или училиште.

Сонливоста и жедта дополнително го раздразнуваат расположението, кога подготовките мора да се брзи и навреме да се стигне во училиште и на работа.

Чаша сок од портокал може да направи вистинска магија во брзото расонување и освежување. Дополнително, нутриционистите препорачуваат токму денот да се започне со свежо овошје или 100% овошен сок, посебно сок од портокал затоа што содржи голем процент на витамин Ц а истиот помага за брзо будење на организмот.

Но, не сите имаат свежи портокали или пак време за приготвување сок. Затоа, подеднакво корисна и добра опција е природен сок од портокал.

Покрај будењето, природен сок од портокал има уште многу други придобивки што секој родител треба да ги знае.

Прочитајте кои се 5-те причини зошто вашите деца треба да го консумираат секојдневно:

1. За подобар имунитет – Витаминот Ц има посебно значајна улога во градење на добар имунолошки систем. Поради високото ниво на витамин Ц во портокалот, а со тоа и во 100% сок од портокал, консумацијата на овој сок може да биде многу корисен за подобрување на имунитетот. Токму затоа, овој сок делува како превентива од сезонските вируси и настинки кај вашите деца.

2. Ја спречува појавата на анемија – Витаминот Ц е корисен од многу аспекти а меѓу другото и ја поттикнува апсорпцијата на хемоглобинот, којшто пак е клучен во создавањето и одржувањето на црвените крвни клетки. Додека пак недостаток на црвени крвни клетки може да доведе до појава на анемија. Сокот од портокал обезбедува доволна количина на витамин Ц, што е причината зошто повеќето педијатри им препорачуваат на родителите да им даваат сок од портокал секојдневно.

3. Го подобрува видот. Сокот од портокал, освен високото ниво на витамин Ц, содржи и витамин А, кој е директно поврзан со здравјето на очите. Воедно се смета дека е неминовен за одржување на добриот вид и подобрување на истиот кај децата. Само една чаша сок од портокал содржи речиси 50% од неопходната дневна доза на овој скапоцен витамин.

4. За правилен раст и развој. Витаминската бомба од овој сок содржи и солидно ниво на калциум и го помага неговото врзување во организмот на децата. Овој важен минерал кој што на сите ни е познат, има клучна улога во здравјето на коските и го помага правилниот раст и развој кај децата. Покрај тоа, калциумот го одржува и здравјето на срцето, мускулите и забите.

5. Го регулира дигестивниот систем. Антиоксидансите што се наоѓаат во сокот од портокал, помагаат при забрзувањето на метаболизмот и регулирањето на дигестивниот систем, го спречуваат задржувањето на течностите и го елиминираат вишокот и штетни масти од детскиот организам.

 

Save

Следете нè