Познато ни е дека 20% од енергијата што ја внесуваме преку храната се искористува за одржување на мозочните функции.

Затоа јасно е дека мораме да внимаваме на тоа како ги снабдуваме своите мали сиви клетки. Невролозите го потврдуваат тоа со студија во која се истакнува дека умерената исхрана е многу важна за одржување на мозокот во кондиција, а јасно е дека прашањето на енергетската рамнотежа во исхраната ја надминува темата на идеална линија и вишокот килограми.

 

Американската академија на невролозите неодамна ги објави резултатите од студијата што директно ја поврзува балансираната исхрана со менталното здравје. Според нив, од исхраната не мора ни да се исклучи ни повременото конзумирање алкохол. Интересно е тоа што студијата била спроведена врз 27.000 испитаници постари од 55 години, од други 40 земји, во период од 5 години. Кај испитаниците периодично се проверувале помнењето и логичното размислување, кои биле споредувани со начинот на нивната исхрана.

Утврдено е дека постои силна врска помеѓу урамнотежената исхрана, како и умереноста во другите животни свери и одржувањето на когнитивните функции и способности. Балансологијата, како нова филозофија, целосно се совпаѓа со резултатите од ова истражување. Таа пропагира урамнотежена исхрана без откажувања во комбинација со умерена физичка активност како идеален начин за постигнување општо здравје и усогласеност на телото и умот.

На вашето мени треба да бидат храна и пијалаци што ги сакате. Секако не треба да заборавите дека треба редовно да се движите или да се занимавате со некој вид физичка активност.

 

Save

Следете нè