Кикириките често се избегнуваат кога се препорачуваат мешункастите растенија во здравата исхрана.  

Сепак постојат многу причини зошто треба да јадете кикирики и путер од кикирики, но се разбира во ограничени количини.

1. Го намалуваат холестеролот

Иако се наоѓаат во групата на продукти со висок процент на калории и масти, многу истражувања покажуваат дека кикириките можат да го намалат холестеролот и триглицеридите без да дојде до зголемување на телесната тежина.

2. Помагаат во контролата на шеќерот во крвта

Иако во нашата секојдневна исхрана не е толку застапен, путер од кикирики се произведува и во Македонија. Едно истражување покажа дека јадењето на путер од кикирики за појадок може да помогне во контролата на шеќерот во крвта во текот на денот, дури и по јадење на ручек со високо количество на јаглени.

 

3. Заштитни хранливи материи

Кикириките претставуваат единствени биоактивни компоненти, кои делуваат како антиоксиданси и кои се покажале како добра превенција на разни болести.

4. Добри масти

Иако се консумираат повеќе калории, крајниот резултат од редовното јадење на кикирики е витко тело. Кикириките може да ви помогнат во регулирањето на телесната тежина, бидејќи се преполни со белковини, минерали, витамини и добри масти.

5. Ја подобрува меморијата

Кикириките се храна за мозокот. Витаминот Б3, кој кикириките го содржат, нуди многу здравствени придобивки, вклучувајќи и подобрување на функциите на мозокот и зголемување на моќта на меморијата.

 

Save

Следете нè